Нема продукти во Кошничката.

Програма за полицистични јајници

HomeПрограмиПрограма за полицистични јајници

Програма за полицистични јајници

12.000 ден

By: д-р Марија

Синдромот на полицистични јајници (ПЦОС) не е само дијагноза, туку комбинација од повеќе здравствени проблеми:

  • Неправилни менструални циклуси. Жените со ПЦОС често доживуваат неправилни менструации, кои може да бидат нередовни или целосно отсутни.
  • Покачени нивоа на андрогени. Зголеменото ниво на машки хормони, како што е тестостеронот, може да доведе до симптоми како: акни, мрсна кожа и хирзутизам (прекумерен раст на влакна на лицето, градите или грбот).
  • Полицистични јајници. Жените со ПЦОС може да имаат зголемени јајници со повеќе мали цисти(фоликули).
  • Зголемена телесната тежина или тешкотии при губење на тежината. Многу жени со ПЦОС имаат покачена телесна тежина особено во пределот околу стомакот. Дел се должи на покаченото ниво на инсулин, дел на покаченото ниво на кортизол.
  • Инсулинска резистенција. 70 % од жените со ПЦОС имаат инсулинска резистенција и зголемен ризик за појава на дијабет тип2.
  • Проретчена коса или опаѓање на косата. Некои жени со ПЦОС може да имаат проблеми со истенчување на косата.
  • Проблеми со забременување. ПЦОС е причина бр.1 за неплодност кај жените!

ДА, СПРЕМНА СУМ ЗА ПРОМЕНА!

+

Приказната не завршува овде.

Дали сте запознаени со фактот дека доколку не се лекува, ПЦОС го зголемува ризикот од развој на хронични здравствени проблеми, како што се: дијабетес тип 2, срцеви заболувања, па дури и рак на ендометриумот.

И, доколку мислите дека хормонската терапија ќе ви ги регулира хормоните, жал ми е што морам да ве разочарам и да ви кажам дека истата може само уште повеќе да го влоши проблемот.

Затоа, не чекајте проблемите да ви се продлабочат. Јас сум овде да ви помогнам во целиот процес, да ве упатам кога нема да знаете што да правите, да ве насочам што точно треба да направите и да ве научам како да ја постигнете целта што ја сакате ─ независно дали сакате да забремените, да ослабнете, да го решите проблемот со акните или да ја ставите под контрола неконтролираната желба за јаглехидрати.

 

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “Програма за полицистични јајници”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *